Црна хроника
Моторист загина на патот Охрид – Кичево
Моторист, 44-годишен охриѓанец, загина во тешката сообраќајна несреќа што во вторникот попладнето се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Требеништа, пренесува порталот Ohridnews.
Граѓани кои попладнево се нашле на местото на незгодата, сведочат дека мотоциклот се судрил со камион натоварен со градежна механизација, ангажирана на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Возачот на моторот кој се здобил со тешки телесни повреди околу 16 часот бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекарите само констатирале смрт.
„Лицето имаше тешка повреда на вратот која била фатална и лекарите не можеа да направат ништо да се спаси неговиот живот“, изјавил во телефонски разговор за порталот директорот на специјалната болница „Свет Еразмо“, д-р Митко Тилески.
На местото на настанот извршен е увид од страна на сообраќајната полиција, а истрагата треба да ги утврди причините за несреќата./крај/он/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

