Црна хроника
Случај Јашари: Обвинетиот за смртта на момчето разбрал од телевизија

Во Основниот суд Скопје 1 околу пладне започна процес против три момчиња обвинети за смртта на матурантот од средното градежно училиште Мухамед Али Јашари
Тројцата обвинети одговараат за смртта на 17-годишнито Мухамед Али Јашари од април минатата година во училишниот двор, односно дека во тепачка со камен го удриле момчето во градите од што престанало да работи неговото срце.
Обвинетиот кој според обвинителниот акт го фрлил каменот, Петар Маневски, тврди дека не е строител на делото , а за смртта на Јашари дознал од телевизија.
Сослушувањето најпрво беше прекинато поради пауза, но потоа и одложено поради протестот во врска со случајот на масакрот ка Смилковци, откако поголема група претежно помлади лица дојдоа пред комплексот судови во Скопје.
На почетокот истрагата се водеше за извршено убиство, но потоа Институтот за судска медицина наведе дека мртвото момче имало тешка срцева слабост. Смртта настанала од страв и шок при тепачката. Во обвинението пишува дека каменот го погодил Јашари во градите поради што срцето престанало да работи.
Според првичните сознанија причините за инцидентот биле банални. Ученикот кој го преживеа нападот, седумнаесетгодишниот Дарко имал недоразбирања со второосомничениот кој исто така бил ученик во ГУЦ. Деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од скопското село Кондово во петокот се обиде да го спаси својот соученик – Македонец, но смртно настрада./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен пијан возач во Дебарско, возел со 2,69 промила алкохол во крвта

Полицијата уапси пијан возач од дебарско кој возел со 2,69 промили алкохол во крвта.
Според информациите на МВР, вчера во 12.40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с.Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Тешко повредено деветгодишно девојче од Радовиш: го удрил мопед управуван од пијан возач

Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.
Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.
Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Кривична за полицаец од Скопско: возел со 1,65 промили алкохол во крвта, на полна линија му го пресекол патот на друг возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.