Црна хроника
Си го оставиле клучот на врата, па ги ограбиле

Во петокот во полициската станица во Аеродром, В.Ш.(1956), пријавил дека во периодот од 12.45 до 15.50 часот ограбен е неговиот стан.
Имено, пријавителот рекол дека непознато лице откако дошло до влезната врата (користејќи оригинал клуч кој најверојатно неговата сопруга претходно го имала изгубено или заборавено на бравата од надворешна страна на вратата) ја отклучил и ја отворил влезната врата.
Влегол внатре извршил пребарување во плакарите во ходникот и собите, и под душекот од креветот во спалната соба пронашол и одзел плико во кое имало 30.000 денари, поголема количина златен накит (прстени, огрлица, златни обетки, златници, сребрен накит, два пара очила за сонце марка „Роберто Кавали“ и др.) и заминал во непознат правец.
Со стореното дело сторителот причинил незначителна матријална штета, а се стекнал со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.
Увид извршила екипа од СВР-Скопје. ПС-Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.