Топ
Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 20,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.
Притоа санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.
Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски.
Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица, а за многу скоро очекува остра и брза акција, одговорност и кривични пријави согласно закон.
„Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, рече Костовски.
Изрази надеж дека зад овој случај не стои политика. Тој потсети и дека во општината се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период.
Топ
„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол со две рамки и муниција. Со оружјето, осомничениот преку „Ватс ап“ се заканувал дека ќе нападне дете и неговиот татко.
За да се пофали дека поседува огнено оружје, тој најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето го зачувало видеото во телефонот.
На 7 април, кога детето веќе користело друг телефонски број, тој преку апликацијата му се јавил и му се заканувал дека ќе го убие него и неговиот татко, ако ја објави снимката со автоматската пушка, соопшти Обвинителството.
По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него.
Се бара притвор.
Македонија
Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на две години затвор.
Во соопштението се наведува дека според законот, забрането е менување на пресудата на полошо за обвинетиот во ситуација само кога тој поднел жалба.
Инаку, по првата пресуда од 3,5 годишна затворска казна само обвинетиот поднел жалба, а не и Обвинителството.
Судскиот совет денеска ја разгледуваше пресудата по бурните реакции во јавноста и по јавното барање на премиерот Христијан Мицкоски.
„По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, сторителот кој одзеде млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор за Врховниот суд да ги укине двете пресуди на Основниот и на Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот, кој смртно одзеде недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска. Повторувам, судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот што смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци што ќе ме критикуваат по ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда“, изјави тогаш Мицкоски.