Контакт

Книги

Промовирани 20 наслови од новиот владин капитален проект во културата

Објавено пред

Автобиографии и монографии за светски познати личности, спорт, за здраво живеење и исхрана, превод на дела за најпознатите битки и војни во историјата, како и дела од архитектурата и дизајнот, беа промовирани во саботата во рамките на новиот проект на Министерството за култура и Владата.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Никола Груевски на промоцијата на делата од едициите „Познатите битки и војни во светската историја“, „Во светот на спортот и здравиот живот“ и „Автобиографии, биографии и мемоари на светски познатите личности“ која се одржи во Спомен домот на Мајка Тереза, истакна дека се работи за проект со кој продолжуваат заложбите на Владата во земјата да се донесе сето она што недостига или досега беше тешко достапно за македонските студенти на македонските универзитети и воопшто за македонските читатели.„Република Македонија во изминативе неколку години целосно се отвори за светската научна литература, а рафтовите во нашата држава станаа побогати за стотици нови книги од неколку капитални проекти. Таквиот наш ангажман продолжува и оваа година… Овој проект претставува продолжение на нашите инвестиции во образованието, во културата, во знаењето, во науката, спортот, младите и севкупно во иднината на Република Македонија. Овие области и во 2016 година остануваат едни од главните приоритети на Владата“, порача Груевски.Истакна дека во делот на автобиогарфската литература проектот нуди можност за македонските читатели да се запознаат од блиску со животот и делото на исклучително значајни личности кои со својата позиција, дејствување и достигнување останале трајно врежани во светската меморија. Првите 10 книги се однесуваат на животот и делото на Моцарт, Бенџамин Френклин, Бонапарта, Тито, Хрушчов, Петар Велики, Стив Џобс, Медлин Олбрајт, Микеланџело и Марија Кири.Втората област застапена во овој проект е од сферата на спортот и здравото живеење, и како што нагласи премиерот, е во корелација со повеќегодишните заложби, кампањи и мерки на Владата за развој на спортот и здравите животни навики.„Ваквата литература во Македонија е многу ретка и ние се решивме да го дадеме својот придонес преку овој проект. Нашата замисла е да им помогнеме на сите рекреативци, спортисти, спортски клубови, спортски федерации, на студентите на Факултетот за физичка култура, професори и воопшто луѓето кои на различен начин се поврзани со спортот. Од друга страна, овој проект носи и литература која се однесува на практикувањето здрав живот и е наменета за сите граѓани на Македонија“, појасни премиерот Груевски.Во однос на книгите од областа на најпознатите битки и војни во историјата шефот на Владата истакна дека ќе бидат корисни за македонските историчари и научници, но и пошироката публика. Тие носат многу познати и непознати информации и занимливости за учесниците и карактеристиките на најпознатите битки кои го прекроиле светот, ги менувале народите и државите, донеле големи миграции и преселби и поместувања во составот на населението, а Македонија, вели, не била исклучок од ваквите појави и во својата историја и сегашност има многу белези од ваквите судири.Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека фактите говорат дека како никогаш досега во земјата се издаваат обемни и богати едиции на најзначајните изданија од сите области од животот, образованието, науката, уметностите и културата.„Како никогаш досега македонското образование и културата се збогатуваат со трајни културни, уметнички и цивилизациски вредности, како никогаш досега нашите граѓани се здобиваат со можноста да ги прошират своите сознанија за областите кои се нивен интерес, како никогаш досега младите генерации добиваат непроценливо богатство од литература која е во функција на нивна едукација и надградба“, истакна Канческа – Милевска.Посочи дека станува збор за промоција на три наслова од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“, кои се од голема важност не само за историчарите, туку и за културолозите и сите проследувачи на глобалните гео-политички текови.„Војната не ги менува само границите и државите, таа ги менува цивилизациите и културите, како и општите историско-политички околности. Во оваа смисла ‘Цариград 1453: Падот на Византија’ на Дејвид Никол, ни го прикажува зајакнувањето на новата Отоманска империја која во XIII век го покорила и Балканот. Книгата ‘Петнаесет одлучувачки битки во светот: од Маратон до Ватерло’ детално ги обработува сите значајни битки кои го смениле текот на историјата и без кои светот денеска сигурно би изгледал поинаку“, рече Канческа-Милевска додавајќи дека третиот наслов кој отсега е достапен за домашната јавност е делото на Робинс посветено на Првата светска војна.„Минатата година низ светот се одбележа еден век од почетокот на Првата светска војна и во таа смисла книгата на Робинс всушност дава една слоевита слика за многуте аспекти на оваа голема човечка трагедија од која за жал, светот малку научи“,појанси министерката за култура. Во продолжение најави дека во рамки на едицијата „Во светот на спортот и здравиот живот“, се преведени седум книги, и тоа „Јога – анатомија“ од Лесли Каминоф и Ејми Метјус, „Шутирај како професионалците, Патот до успешна техника на шутирање“ од Адам Филипи и Џери Вест, „Фудбал: потекло, развој и нови димензии“ од Александар Карденас, „Биомеханичка процена на движењето во спортот и вежбањето“ од Карл Пејтон и Роџер Бартлет итн.„Да се преведува, значи да се стави сопствениот јазик и култура пред искушенијата кои со себе ги носат делата на големите светски култури но, кога домот на јазикот е одамна изграден, секоја нова преведена книга е само уште еден нов значаен орнамент запаметен од историјата“, додаде Канческа–Милевска.Осврнувајќи се на делата од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“, проф.д-р Димитар Мирчев, рече дека оваа едиција, која покрај на министерството ивладата е, исто така, и „дело на еден поширок круг издавачи, автори, уредници, преведувачи…, без сомневање е еден зафат што заслужува големо внимание“.Проектот треба да заврши до 2018 година, во чии рамки се предвидени преводи о објавувања на вкупно 400 дела. Според програма, 150 книги ќе бидат од областа на превод на биографии и автобиографии, мемоари и монографии за светски познати личности од повеќе области и исто толку од областа на спортот, здравото живеење и исхраната, а по 50 книги од областа на најпознатите битки и војни во историјата и од областа на архитектурата, дизајнот, внатрешното уредување, орнаментиката и скулптурата. /крај/миа/мф

Извор: МИА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет5 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет9 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија9 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет10 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет10 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија12 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија12 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија12 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија13 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија13 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија14 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија14 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет15 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија16 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија1 ден

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет1 ден

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија1 ден

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија1 ден

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...