Спорт
Катастрофа за Хјустон, и Харден позитивен на Ковид-19
Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс (Брадата) Харден е позитивен на Ковид-19, пренесуваат американските медиуми. Двајцата најдобри играчи на „ракетите“, Харден и Вестбрук, не отпатуваа за Орландо со своите соиграчи.
Останува отворено прашањето дали Брадата ќе може да му помогне на својот тим до крајот на сезоната.
Харден е 30-годишен, а во Хјустон е од 2012 година. Дојде од тимот на Оклахома. Пред 2 сезони беше прогласен за МВП на НБА-лигата.
Осумпати досега бил дел од олстар-викендите и петпати се нашол во најдобрата петорка на лигата.
Претходно, и за неговиот соиграч Расел Вестбрук стигна веста дека е позитивен на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Фенербахче нема место за Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат.
Турските медиуми пренесуваат дека искусниот голман добил три понуди, од клубови од Премиер лигата и од Серија А.
Иако има договор со Фенербахче до 2028 година, долгогодишниот хрватски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Тој пристигна од Динамо во 2023 година за околу седум милиони евра, а Фенербахче нема да го пушти за помалку од десет милиони.
Спорт
(Видео) Денвер со тешка мака ги победи десеткуваните Лејкерси

Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис.
Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против Лејкерси во чии редови ги немаше Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Руи Хачимура, Џексон Хејс, Гејб Винсент и Доријан Фини-Смит.
Мареј мечот го заврши со 26 поени, два помалку од најефикасниот играч на Денвер Никола Јокиќ. Србинот мечот го зарши со 28 поени, осум скока и пет асистенции. Најблиску до овие двајца беше Кристијан Браун со 22 поени.
Кај Лејкерси се истакнаа Остин Ривс со 37 поени (13/26 од поле), осум скока и 13 асистенции, односно Далтон Кнект со 32 поени и Шејк Милтон, кој постигна 16 поени.
Кливленд делува незапирливо, а тоа го потврдија со 56. сезонска победа. Овојпат Кавалирс победија на гости кај Мемфис Гризлис 133:124. 22 поени и 11 скока забележа Еван Мобли, додека Гарланд запиша 20 поени и девет асистенции.
На Мемфис не му помогна ниту извонредниот настап на Џа Морант, кој мечот го заврши со 44 поени, осум скока и седум асистенции Но, ја немаше соодветната поддршка од соиграчите.
Резултати:
Мајами – Бостон 91:103
/Вигинс 23 – Тејтум 28/
Филаделфија – Индијана 100:112
/Доутин 24 – Сијакам 27/
Атланта – ЛА Клиперс 98:121
/Оконгву 18 – Харден, Ленард 25/
Сан Антонио – Шарлот 134:145
/Кесл 26 – Бол 27/
Минесота – Орландо 118:111
/Едвардс 28 – Банкеро 43/
Хјустон – Далас 133:96
/Езона 30 – Вилијамс 25/
Јута – Торонто 118:126
/Кларксон 19 – Квикли, Барнс 20/
Феникс – Сакраменто 122:106
/Букер, Дурант 22 – Дерозан 23/
Спорт
Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Норис стигна до 10.пол-позиција на патеката Алберт Парк, со круг од 1:15.096, две десетинки пред тимскиот колега Оскар Пјастрi.
Најблиску до двоецот на Мекларен беше актуелниот шампион Макс Ферстапен, кој за речиси половина секунда имаше послаб резултат.
Одлични квалификации се возеа во Мелбурн, каде што возачите на Мекларен беа недофатливи за нивните ривали и создадоа клучна предност пред нив во последниот сектор.
Иако Верстапен водеше, прво Пјастри, а потоа и Норис се пробија пред него и не оставија простор никој да им се закани. Најдобар меѓу останатите беше Џорџ Расел во Мерцедес, пред најпријатното изненадување на квалификациите, возачот на Рејсинг Булс, Јуки Цунода.
Шести најбрз беше Алекс Албон во Вилијамс, пред дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои дури и се изврте на патеката за време на вториот дел од квалификациите.
Седумкратниот светски шампион ја заврши првата квалификациска сесија во боите на Ферари девет десетинки зад Норис. Топ 10 го комплетираа Пјер Гасли од Алпин и Карлос Саинц Јуниор од Вилијамс.
Трката за Големата награда на Австралија в недела ќе започне во 5 часот по средноевропско време.