Спорт
Тенисерот за кого се крена многу прашина е негативен на Ковид-19
Се одржа „Адрија тур“, тенискиот турнир во Белград, почна исто такво хуманитарно натпреварување минатиот месец и во Задар, но штом се стигна до финалето, турнирот беше откажан.
Причина – бугарскиот тенисер Григор Димитров. Тој објави дека е позитивен на коронавирусот.
Веднаш почнаа критиките, пред сè, на сметка на Новак Ѓоковиќ, кој беше организатор на турнирите. И самиот Новак, но и неговата сопруга и тренерот Горан Иванишевиќ, беа меѓу заразените. Освен нив, позитивен на вирусот се и хрватскиот тенисер Борна Чориќ и неговиот српски колега, Виктор Троицки.
По речиси еден месец од откажувањето на турнирот, првпат на јавноста ѝ се обрати Григор Димитров. Откри позитивни вести.
„Штотуку добив одлични вести од докторот од Монако, кој потврди дека сум негативен на Ковид-19. Им благодарам на сите за поддршката изминативе недели додека бев во карантин. Се радувам што набргу се враќам на тренинг и ќе бидам подготвен за американската турнеја на тврда подлога“, напиша Димитров на друштвените мрежи.
Тој потврди дека му се враќа на тенисот на средината на август кога ќе почнат АТП-турнирите во Вашингтон и Синсинати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.