Спорт
Саул за Реал: Беа најдобри, ВАР не им помогна

Еден од најдобрите играчи на Атлетико Мадрид Саул Нигез смета дека Реал ќе ја освои титулата во Шпанија бидејќи станува збор за најдобриот тим, а не поради помошта на ВАР.
Навивачите на Барселона го напаѓаат лутиот ривал бидејќи Реал на три од последните четири натпревари победија со помош на пеналите.
„Реал ќе ја освои Ла Лига бидејќи тоа го заслужува, не поради ВАР. Лигата секогаш ја освојува оној кој најдолго време бил најдобар. Мислам дека Реал има исклучително добра сезона, а по паузата игра сјајно“, рекол игарчот на Атлетико за „Ел Партидазо де Копе“.
Саул се согласува со својот тренер Диего Симеоне кој неодамна изјави дека поради напаѓачкиот фудбал што го негува Реал добива многу пенали.
„Тренерот е во право, Реал секогаш оди напред“.
Реал сепак математички се уште не ја освоиле титулата. Тоа ќе го направат доколку утре го победат Виљареал. Атлетико од друга страна обезбеди место во Лигата на шампионите, а Саул и соиграчите се насочени кон четврт-финалето во Лигата на шампионите каде за противник го имаат Лајпциг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“