Свет
Секоја трета мала компанија во светот отпуштила вработени за да опстане во корона-кризата

Секоја трета мала компанија во светот била принудена да отпушти вработени за да остане отворена во мај во услови на пандемија, покажало истражувањето на „Фејсбук“, истакнувајќи ги тешките последици на пандемијата во светската економија.
Приближно 26 отсто од малите и средни компании, опфатени со истражувањето, спроведено од „Фејсбук“ во соработка со Организацијата за економска соработка и развој и Светската банка, рекле дека во периодот од јануари до мај биле затворени.
Истражувањето е спроведено од 28 до 31 мај меѓу повеќе од 30.000 сопственици на мали компании од над 50 земји.
Две третини од компаниите кои работеле во време кога е спроведено истражувањето навеле дека приходите им се намалени во последните месец дена во споредба со истиот период минатата година.
Една третина од помалите компании кои работеле во време кога е спроведена анкетата изјавиле дека биле принудени да го намалат бројот на вработените за да преживеат.
„Пандемијата не е само јавноздравствена туку и економска криза, која исклучително силно ги погодува малите и средни компании“, се наведува во извештајот.
Епидемијата на коронавирусот ги принуди владите во светот да воведат карантин, што ја закочи економската активност и турна некои економии во рецесија. Меѓународниот монетарен фонд проценува дека глобалната економија оваа година ќе се намали за 4,9 отсто.
Истражувањето на „Фејсбук“ покажало дека најтешко се погодени секторите фокусирани на потрошувачите. Околу 54 отсто од туристичките агенции и 47 отсто од малите компании кои работат во угостителството рекле дека не работат во моментот кога се спорведувала анкетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата апелира за траен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

Папата денес упати „силен апел“ до глобалната заедница да го прекине речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас, повикувајќи на траен прекин на огнот, ослободување на заложниците во Газа и обезбедување хуманитарна помош.
„Уште еднаш упатувам силен апел, да се прекине конфликтот во Светата Земја, кој предизвика толку многу терор, уништување и смрт“, рече папата на својата неделна аудиенција во Ватикан.
„Барам ослободување на сите заложници, постигнување траен прекин на огнот, олеснување на безбеден влез на хуманитарна помош и целосно почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече тој.
Папата не ги именуваше Израел или палестинската милитантна група Хамас, но рече дека меѓународното право бара „обврска за заштита на цивилите, забрана за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“.
Фото: принтскрин
Свет
Стаб: Само притисок може да ја принуди Русија да преговара

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија за да се постигне напредок во наоѓањето мирно решение за конфликтот во Украина.
По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Стаб напиша на социјалната мрежа X дека „се спроведува планот за сигурна поддршка на безбедноста на Украина“ нагласувајќи дека Киев е подготвен за мир, а „Русија само чека време“.
„Мора да извршиме притисок врз Русија да седне на преговарачка маса“, рече финскиот претседател додавајќи дека Хелсинки, заедно со своите партнери, ќе продолжи да се стреми кон „праведен мир за Украина“.
Еден ден претходно Стаб истакна дека рускиот претседател Владимир Путин не може да биде убеден во мирот преку Западот, туку преку влијанието на земјите од Истокот, кои одржуваат трговски врски со Москва. Затоа предложи воведување тарифи против земјите што ја продолжуваат економската соработка со Русија.
Финскиот претседател исто така изрази надеж дека „трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со Москва набргу ќе истече“ нагласувајќи дека само нови санкции и царини може да ја принудат Русија да го прекине конфликтот.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што испорачува нафтени деривати во Москва експлодира во рускиот регион Рјазан, дознава „Укринформ“ од извор во Одбранбена разузнавачка служба на Украина (ДИУ).
Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот „Рјазан-Москва“, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени производи.
Според извори на ДИУ, откога локалните канали на „Телеграм“ во Рјазан пријавија гласна експлозија на дел од цевководот, избувна голем пожар. Пожарникарите и амбулантните возила беа испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објави „Укринформ“.
An explosion reportedly hit the Ryazan-Moscow oil pipeline on August 26, one of the key fuel supply routes to the Russian capital. The pipeline, repurposed in 2018 by Transneft to transport gasoline—also used by Russia’s military—is now out of operation, RBC-Ukraine reports. pic.twitter.com/qF3Yz4M60X
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) August 27, 2025
Жителите пријавија дека полицијата и други тимови се во областа на селото Божатково во регионот Рјазан работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.
Според украинските медиуми, од 2018 година овој цевковод е пренаменет за снабдување со бензин на компанијата „Транснефт“, која исто така снабдува гориво и за руската војска.
Според ДИУ, инцидентот предизвикал протокот на нафтени производи кон Москва да биде суспендиран на неодредено време.
фото: принтскрин