Црна хроника
Косовец заработи кривична пријава поради кражба
Г.Х, 53-годишен државјанин на Косово, заработи кривична пријава под сомение дека сторил две кривични дела „кражба и оштетување и „неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 16 –ти јули годинава во полициската станица Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал парични средства од банкомат на Охридска Банка во Струга во износ од 30.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

