Спорт
Икер Касилјас се враќа во Реал Мадрид
Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, се враќа во Реал Мадрид по напуштањето на клубот во 2015 година кога отиде во Порто. Според информациите, тој се враќа во клубот на позицијата советник на претседателот Флорентино Перез.
Самиот Перез го повикал голманот и му понудил работа, Касилјас прифатил и со потегот ги израдува многубројните навивачи на „кралскиот клуб“.
Касилјас има 39 години.
Првите фудбалски чекори ги имал во Атлетик Билбао, а на „Бернабеу“ се сели во 1990 година.
Во првата екипа се појавува веќе во 1997 година на мечот од ЛШ против норвешки Розенборг.
Само 3 години подоцна стана најмладиот чувар на мрежата што заигра во финале на ЛШ против Валенсија. Реал триумфира со 3-0.
Набргу потоа дебитира и за „фуријата“. Со Шпанија освои две последователни титули – европски и светски шампион.
За Реал Мадрид настапи на 723 меча, а дресот на националната селекција го носеше на 162 меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA

