Црна хроника
Пијан кумановец ја нападнал поранешната сопруга, а потоа и полицајците
Пијан кумановец во понеделникот попладне отишол во кумановското село Доброшане и ја малтретирал поранешната сопруга, а кога дошле полицајци да интервенираат ги нападнал и нив, соопшти МВР.
Кога дошле полицајците, кумановецот почнал да пцуе и да ја навредува поранешната сопруга. Откако полицајците го предупредиле да престане со таквото однесување, тој физички го нападнал еден од полицајците и почнал да го удира со тупаници во главата, го фатил за униформата и почнал да го турка кон терасата.
Интервенирал и другиот полицаец, но кумановецот го повлекол и него и тројцата паднале од висина од околу 1,20 сантиметри.
Додека биле на земја продолжил да ги удира полицајците, но тие конечно го совладале и го привеле.
Полицајците и напаѓачот биле пренесени во медицинскиот центар во Куманово. Против кумановецот ќе биде поднесена соодветна пријава./кај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во гевгелиската болница: возач на амбулантно возило нападнал лекар
Лекар од гевгелиската болница вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од возач на возило на итната помош, соопшти полицијата.
„На 24.11.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија“, велат од МВР.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.