Компании
Allianz затвора третина од канцелариите во Германија, услугите ги префрла на интернет
Најголемата европска осигурителна куќа, германска „Allianz“, во средата најави дека ќе го намали работењето во матичната Германија, поради што ќе затвори речиси третина од канцелариите и ќе го префрли давањето услуги на интернет.
Според оваа стратегија, бројот на канцелариите од почетокот на 2016 година би требало да биде намален од сегашните 88 на 60, што би резултирало со губење на 360 работни места, објави во средата „Allianz“ додавајќи дека не се очекува намалување на бројот на претставниците во продажбата на осигурителните полиси.
Реструктуирањето е договор на зголемените трошоци во секторот осигурување и би требало да донесат годишно заштеди од 40 милиони евра, се наведува во соопштението на германскиот осигурителен гигант. Во компанијата очекуваат дека загубата во работењето ќе ги погоди внатрешните менаџерски позиции и оние во секторот за поддршка, со напомена дека не се во план присилни отпуштања на вработените.
Во големите градови, како Берлин и Минхен, каде што во моментот има по три канцеларии, во иднина ќе има само една, изјави директорот за продажба во „Allianz“, Јоахим Милер, во разговорот за германскиот економски дневен весник Handelsblatt, во средата. Третина од застапниците во осигурувањето ќе бидат преселени во другите канцеларии, додава Милер.
Истакнува дека голем број од услугите што ги нуди компанијата во иднина ќе бидат давани преку интернет, при што услугите на клиентите на далечина ќе им бидат пружани преку видео на социјалната мрежа Facebook. „Од 2015 до 2017 година сакаме да вложиме дополнителни во дигиталната агенда“, вели натаму Милер.
Осигурувањето бавно се приклучува на дигиталната револуција. Едноставните осигурителни производи како што се осигурувањето од одговорноста кон трети лица и автомобилските осигурување, веќе во голема мера се достапни на интернет. Меѓутоа, некои производи се толку сложени, поради што осигурувачите инсистираат на директно советување, се подвлекува во коментарот на агенцијата DPA.
Меѓу натамошните измени во планот на „Allianz“ е и реорганизацијата на специјалните услуги, при што кај специјализираните агенции за пензиските шеми и здравственото осигурувања сета практика останува по старо, додека другите ќе бидат интегрирани во општото работење. Одред број работни места, исто така, би требало да бидат укинати и на североистокот од Германија, очекуваат од компанијата, но не наведуваат конкретни бројки./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)