Црна хроника
Исчезнат скопјанец пронајден мртов

Скопјанец кој од почетокот на месецов се води за исчезнат вчера бил пронајден мртов покрај автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР.
Жители на скопската населба „Илинден“ од каде што бил и починатиот скопјанец, вчера го забележале телото на педесет и тригодишниот Драги Давидовски во близина на местото Велешка петља и го пријавиле случајот во полиција.
Телото на починатиот било веќе во фаза на распаѓање, а причините за смртта засега се непознати. Тој бил пријавен за исчезнат на 1-ви мај годинава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш.
Според МВР денеска во СВР Штип во 08.13 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот.
Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
Увидот е во тек соопшти полицијата.
Црна хроника
Акциска контрола на повеќе локации во Тетово, уапсено едно лице поради сомнение за посредување при проституција

Вчера во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово.
При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот.
Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец

Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот.
Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.