Црна хроника
Запленет хероин вреден 1,5 милион евра на црно
Во саботата македонската полиција пресече меѓународен канал за криумчарење хероин по една од ткн балкански рути која води од Турција, преку Бугарија и Македонија, за Косово, од каде најверојатно завршува на западноевропските илегални пазари
Запленетата дрога на големо чини околу 350 илјади евра, додека нејзината малопродажна цена на наркопазарите може да достигне и до 1,5 милиони евра имајќи го предвид квалитетот на запленетите 16 килограми хероин, .посочуваат од министерството за внатрешни работи.
Заплената е извршена во саботата во Скопје, откако претходно „ауди“ со косовски регистарски таблички бил сопрено на граничниот премин Деве Баир, при влез од Бугарија во Македонија.
Имено припадниците на Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал од Одделот за недозволена трговија со дрога, во содејство со Царинската управа, во рамките на обемната операција „Босфор“, којашто се спроведува подолг период во соработка со останатите полиции од регионот имале претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин со автомобил „ауди“ со косовски регистарски ознаки. Автомобилот во саботата управуван од 47-годишне државјанина Косово при влез во земјава бил селектиран за претрес, а поради немање соодветни услови за детален претрес, лицето и возилото биел спроведени во Скопје, каде што на Царинскиот терминал „Дени Интернационал“ и во автосервисот на МВР бил извршен дополнителен претрес на возилото.
Деталниот претрес на „ауди“-то покажало дека во него се вградени специјално направени бункери во внатрешниот дел на бандажите (дупло дно), на сите четири тркала на возилото, кои биле исполнети со материја во прашкеста состојба. Подоцна со вештачење во Одделот за криминалистичка техника на министерството е утврдено дека се работи за вкупно 16 килограми хероин, и тоа со многу висок квалитет.
Косовскиот државјанин, кој бил транспортер, хероинот го преземал од турската метропола Истанбул, и требало да го пренесе до засега неидентификувано лице во Приштина
По целосно документирање на случајот, против косовскиот државјанин до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, и ќе биде предадено на Истражен судија за натамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други лица инволвирани во случајот.
Инаку, ова е прв случај на заплена на хероин, кој е транспортиран на ваков начин и досега не е регистриран ваков транспорт на оваа хероинот, како Македонија, така и во земјите од регионот и пошироко.
Вклучувајќи ја и оваа заплена, во досегашните осум акции во рамки на оперативната обработка „Босфор“, од 2008 година наваму, запленети се околу 355 килограми чист хероин, кој на западноевропските пазари изнесува над 15 милиони евра, а откриени и пријавени се четириесетина сторители кои се товарат за недозволена трговија со наркотици./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.