Надворешна политика
Делегација на АРМ на конференција во Гармиш
Делегација на Армијата на Република Македонија предводена од Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски учествува на конференција на земјите партнери на националната гарда на САД, кој се одржува во Гармиш, Сојузна Република Германија.
Учеството на македонската висока воена делегација на конференцијата која е во организација на Европската команда на вооружените сили на САД (ЕУКОМ), е од особено значење за АРМ поради можноста за размена на информации од значење за безбедноста и подобрување на меѓусебната воена соработка во справувањето со актуелните безбедносни ризици. На конференцијата учествуваат претставници од армиите на земјите членки на програмата за партнерство со националната гарда на САД , меѓу кои и началници на генералштабови и други високи воени раководители.Фокусот на конференцијата е насочен кон меѓусебните констелации на партнерските земји на националната гарда во период после одржаниот варшавски самит на НАТО, како и разгледување на облиците и начините на понатамошната воена соработка.Генералот Величковски за време на одржувањето на конференцијата оствари средби со високи воени претставници од ЕУКОМ, националната гарда на САД и од армиите учеснички на конференцијата, на кои првенствено се разговараше за понатамошно унапредување на меѓусебната воена соработката. Програмата за партнерство на националната гарда на САД со армиите на земјите од Европа кои потекнуваат од поранешна Југославија, поранешниот Советски Сојуз и поранешниот Варшавски пакт, кои се во зоната на одговорност на ЕУКОМ, потекнува од 1993 година, кога и АРМ ја отпочна воената соработка со националната гарда на Вермонт.Главна цел на оваа партнерска програма е промовирање на заеднички пристап, градење на воените способности и унапредување на меѓусебната интероперабилност со што се придонесува во Европската но и поширока меѓународна стабилност.Во 2008 година како дел од програмата за соработка, единици на АРМ заеднички учествуваа со единици на националната гарда на Вермонт во наменските сили „Феникс“ во склоп на мисијата ИСАФ во Авганистан. Покрај овој заеднички настап со оваа партнерска национална гарда, секоја година АРМ изведува заедничка обука, вежбовни активности и состаноци на највисоко воено ниво. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.