Скопје
Нова градинка за 50 деца во „Ѓорче Петров“
Нова градинка со капцитет за 50 деца е пуштена во употреба во недела во општината „Ѓорче Петров“.
Градинката „Росица“ ја пуштија во употреба Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митровски.
Спасов нагласи дека станува збор за целосна адаптација и опремување на објектот во којшто изминатите месеци e комплетно реновиран и само за неколку месеци од еден руиниран објект којшто немаше никаква употреблива вредност, истито е реновиран и преадаптиран и опремен со современа опрема и од наредната недела веќе се очекува да започне и да функционира. Со овој проект значително се зголемува капацитетот за згрижување и воспитување на деца, од предучилишна возраст во општина Ѓорче Петров.
Тој најави отворање нов објект во општината, односно во населбата Волково за кој, како што рече, се уште се во преговори со сопствениците на објектот и дека многу лесно и брзо ќе се преадаптира во градинка.
Градоначалникот Митровски потсети дека општината заедно со Министерството за труд и социјална политика досега имаат реализирано повеќе вакви проекти, како што се градинката во населбата „Даме Груев“ со капацитет за 300 деца, како и други проширувања на градинки како клонови на постоечките.
“Денеска од еден руиниран објект, направивме градинка која е за респект и почитување со сите стандарди. Тоа што го нуди градинката претставува една од најмодерните и нјасовремените градинки во општината Ѓорче Петров”рече Митровски.
Во градинката има две занимални, просторија за негувателки како и кујна. Дворот е опремен со различни едукативни реквизити за деца од предучилишна возраст./крај/мтсп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

