Црна хроника
Убиен 25-годишен скопјанец

На локалниот пат меѓу населбата Бутел и село Мирковци, убиен е 25-годишен скопјанец, соопшти МВР.
Имено, убиството се случило во неделата во точно неутврдено време во Скопје, на ул.„Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и село Мирковци.
За сега непознат сторител со огнено оружје пиштол го убил Џемајледин М.(1987) од Скопје, испукувајќи во него повеќе куршуми, во пределот на главата и горниот дел од телото.
Телото на Џемајледин го забележала Е.С.(1986) од село Брњарци-Скопје, која го пријавила настанот. Увид на лице место е извршен од истражен судија, заменик јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.
По наредба на истражниот судија, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Од лице место подигнати се траги слични на крв, еден куршум, шест чаури од испукани куршуми, три проектили и еден фрагмент од проектил од испукани куршуми.
СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.