Македонија
Петровска: Чулев со скандалозно решение го амнестираше својот советник
Решението за Зоран Ѓорѓиевски, советник на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, со кое му е изречена дисциплинска мерка пониска плата поради нападот на началник од СВР Тетово, за дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска е скандалозно.
Таа смета дека дисциплинската постапка против советникот Ѓорѓиевски можела да резултира и со отказ, кој пак, не смеел да се изрече поради изборниот процес.
„Скандалозното решение со кое Наќе Чулев го амнестираше својот советник е спротивно на Изборниот законик, член 8, а во кој се вели дека од денот на распишување до денот на завршување на изборниот процес не смее да се започне со постапка престанок на работен однос. Со оглед на тоа дека во случајов е сторено кривично дело за кое е поднесена кривична пријава и дисциплинската постапка може да резултира со отказ, таа не смеела да биде започната. Какви советници, такви одлуки“, реагира Петровска на социјалните мрежи.
Одлуката за изречената дисциплинска мерка против Ѓорѓиевски е донесена денеска, а прифатена од министерот Чулев, чиј кабинет не прецизираше со каква мерка е казнет советникот, туку само посочи дека е најстрога казна.
Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видеоснимки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството.
„Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои ја формираат инфраструктурата, и сите останати кои секојдневно ја движат државата напред“, истакна Меџити.
Тој потсети на заложбите на Владата за отворање нови работни места и решавање на статусот на илјадници работници, како и на конкретните мерки што се преземени, вклучувајќи го зголемувањето на платите во клучните сектори како образованието, здравството и безбедноста, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на минималната и просечната плата, како и пензиите.
„Знаеме дека секој работник заслужува повеќе: заслужува почит, поддршка и мотивација. Нашата развојна политика се темели врз достоинството на трудот и работникот. Токму оваа основа ќе ја зајакнеме и понатаму, со решителност и јасна визија за поправедна иднина за сите“, заврши тој.
Македонија
Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките.
Според Владата, опозициската партија, ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.
„Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт“, велат од Владата.
Додаваат дека времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.
Владата апелира: „Со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност“.
Македонија
Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот

Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него, праша Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари. Дали Венко Филипче се гордее и со тоа?“, рече Манасиевски.
Додаде дека е добро што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев, и што може да очекува.