Црна хроника
Ограбени уште две цркви и еден манастир
Разбојници го ограбиле манастирот „Свети Илија“ во скопско и две цркви во Тетово и во Маврово, соопшти полицијата.
Манастирот „Свети Илија“ во скопското село Ракотинци бил ограбен во периодот од 10 до 26 април. Разбојникот украл неколку икони и избегал.
Црквата „Пресвета Богородица“ во селото Леуново, на брегот на Мавровското езеро, била ограбена во периодот од 18 јануари до 26 април.
Разбојникот зел копач, ја провалил вратата, влегол внатре и украл 6.000 денари.
Третата кражба се случила синоќа во црквата „Свети Димитрија“ во Тетово. Разбојникот со тврд предмет го отворил катанецот од влезната врата, ја пребарал црквата и украл 900 денари.
Полицијата трага по крадците./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

