Спорт
Рој Џонс: Ќе биде опасно против Тајсон, тој е огромен ѕвер
Рој Џонс Јуниор, боксерската легенда и следниот противник на Мајк Тајсон, во неговиот прв меч по 15 години го опиша својот противник како голем ѕвер и призна дека ризикува многу со влегувањето во рингот со Челичниот.
54-годишниот Тајсон неодамна потврди дека се враќа во рингот против 51-годишниот противник Џонс Јуниор и иако двајцата имаат заедно 105 години, ќе се борат во Калифорнија на 12 септември во меч што ќе предизивика огромно внимание.
Иако се работи за егзибициски меч од 8 рунди, некои од боксерските критичари сметаат дека е преопасно за „старци“ да ги вркстат ракавиците. Самиот Џонс Јуниор признава дека моќта на Тајсон е загрижувачка.
„Тој има огромни нозе, огромни бутни мускули. Рацете исто така му се големи, како и вратот. Да, тоа ќе биде ризично, но Бог го контролира животот. Претходно, ги победував сите, без разлика на категоријата, така што одиме понатаму. Се работи за меч на Давид против Голијат. Тој е голем ѕвер, сите го знаеме тоа. Јас сум малиот Давид, но со Господ на мојата страна може да победам“, вели Џонс Јуниор.
Рој Џонс Јуниор во своите најдобри денови беше сметан за најдобриот боксер, без разлика на категоријата, но последен меч имаше во 2018 година. Во кариерата тој беше шампион во четири тежински категории – средна, суперсредна, средно тешка и тешка категорија и е единствен боксер во историјата што ја почнал кариерата во јуниор средна титула и стигнал до појас во тешка категорија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

