Црна хроника
Пожар во зградата каде живееше претседателот Иванов
Нема повредени граѓани и пожарникари во пожарот што претпладнево избувна во кулата лоцирана спроти зградата на Владата.
Од скопската противпожарна служба информираат дека станува збор за опожарен балкон пренаменет во кујна на вториот кат од кулата. Интервенирано е по телефонска дојава добиена во 11:25 часот.
На лице место интервенирале вкупно 17 пожарникари со седум возила. Пожарот за десет минути е ставен под контрола, по што е и целосно изгаснат. Причинета е одредена материјална штета. Причините за пожарот дополнително ќе се утрвдуваат.
Инаку, во истата зграда до стапувањето на фунцкијата живееше претседателот Ѓорге Иванов./крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Полицијата уапси 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода.
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници ја уапсија Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.
При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Две момчиња на возраст од 21 и 16 години се шетале со пиштол и куршуми, уапсени се во Јурумлери
Полицијата пронајде пиштол во возило во Јурумлери и уапси две лица од кои едниот е малолетник.
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје.
При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми.
Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, општина Боговиње.
Претходно, таа со нејзиното патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

