Македонија
Мијалков до Мицкоски: Ти директно одработи за СДСМ, твоите грешки ги плаќа ВМРО-ДПМНЕ
Христијан, грешиш, а очекувано е да грешиш кога те фаќа паника и мора да се правдаш и да смислуваш приказни за да си ги оправдаш грешките. Грешиш како што грешеше постојано овие три години. Твоите грешки, за жал, ги плаќа ВМРО-ДПМНЕ, а тие резултираа со два изборни пораза на претседателските и парламентарните избори, а ги загуби и локалните избори во Охрид и во Ново Село, му напиша Мијалков на Христијан Мицкоски.
Христијан грешиш, а очекувано е да грешиш кога те фаќа паника и мора да се правдаш и да смислуваш приказни за да ги…
Posted by Sasho Mijalkov on Вторник, 28 јули 2020
„На сите овие избори, вклучително и на последните, ти си тој што директно одработи за СДСМ. Доколку оставиме на Заев и СДСМ да избираат, ќе те изберат тебе за уште десетпати по ред да те згазат на избори, а ти да ја бараш вината за поразите на друго место, но не кај себе и кај луѓето со кои соработуваш.
Ти и сите околу тебе што се борат да останеш претседател се тие што одработуваат за Заев затоа што со тебе на чело ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се врати на победничка патека, а тоа е единствено во интерес на Заев и СДСМ. Човек што разединува и не ја бара одговорноста во себе, нема лидерски капацитет.
Еве, за парламентарните избори, биди искрен и признај дали понудата за граѓаните беше добра и ги привлече неутралните избирачи?
Дали кандидатите за пратеници, кои ти ги избра, повлекоа поголем број гласови или го оствари најслабиот резултат во историјата?
Дали ти како шпицен кандидат успеа да го достигнеш барем последниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година или освои 150.000 гласови помалку?
Да не се лажеме. Имаш максимална поддршка од мене да составиш влада и во судиското продолжение да го свртиш резултатот. Доколку го сториш тоа, јас ќе бидам првиот што ќе ти честита. Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада.
П.С. Барањето одговорност од тебе и твојот тим не е напад на ВМРО-ДПМНЕ. Обиди се да ја надминеш суетата. Не поистоветувај се со партијата. Не ти личи. На ВМРО-ДПМНЕ ќе му тргне тогаш кога ќе добие сериозно лидерство!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

