Македонија
ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени и починати, зголемен бројот на оздравени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули 2020 година, којшто покажува намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела.
Во дадениот период направени се вкупно 9563 тестирања (1402 повеќе од периодот 13–19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10% од тестираните се позитивни на Ковид-19.
Новозаболени се регистрирани во 29 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1% благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.
Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица помеѓу 50–59 години 22,3%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40-49 и над 60 години – 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата, и тоа 0-9 години – 2,6%, и од 10-19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.
Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).
Во периодот 20 до 26 јули регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4%. 29 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

