Свет
Научници: Човештвото на Марс технички е можно, но тоа никој не сака да го финансира

Роботски ровери и сонди слетуваат на Марс веќе 50 години, но кога конечно човекот ќе зачекори на Црвената Планета.
Експертите веруваат дкеа техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја донесува политиката и поради тоа иднината на колонизацијата на Марс е неизвесна.
Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно испраќање луѓе на Земјиниот природен сателит до 2024 година, користејќи ги искуствата стекнати таму како подготовка за Марс.
Најамбициозното ветување за заминување на Марс беше дадено во 1990 година од тогашниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, кој вети дека човекот ќе чекори на Црвената Планета до 2019 година, односно до 50-та годишнина од слетувањето на Месечината.
Ветувањето не го исполнија ниту Буш Постариот ниту неговите наследници.
„Сум видел можеби 10.000 графикони, табели, различни идеи за тоа како да се стигне до Марс. Но тоа никој не сакал да го финансира. Мисијата би траела две до три години“, изјавил Џ.Скот Хубард, професор на „Стендфорд“ и поранешен службеник на НАСА.
Компаниите „Спејс икс“ на Илон Маск и „Блу ориџин“ на Џеф Безос градат ракети кои се во состојба да пренесат тони материјал кон Марс.
Илон Муск предложи колонизација на Марс, така што првата експедиција ќе изгради фабрика што ќе ги претвори водата и јаглерод диоксидот од атмосферата во кислород и метан.
„Да се биде вид кој живее на повеќе планети е многу подобро отколку да се биде вид што живее на една“, рече тој во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.