Црна хроника
Зекиров се појави во судница – судењето одложено
Повторно одложено судењето на поранешниот телохранител на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ален Зекиров на кого му се суди за сообраќајката кога со својот мотор на пешачки кај Буњаковец го прегази скопјанецот Симо Серафимовски.
Овој пат, Зекиров се појави во судницата, но не беа присутни двајца од сведоците. Еден од сведоците кој бил очевидец на сообраќајката, даде исказ пред судот, односно остана на она што го кажал пред истражниот судија, но другите двајца сведоци не се појавија.
Како што рече адвокатот на оштетените, двајцата сведоци кои не дојдоа денеска имале контрадикторни искази со сведокот кој даде денеска исказ.
„Тој е очевидец на несреќата другите двајца сведоци се дополнително пријавени сведоци кои не се евидентирани од полицијата во самиот полициски записник. Не можам сега да кажам кои се контрадикторностите“ изјави Весна Ивановска, адвокат на оштетените.
Освен сведоците на следното рочиште на 15 ноември треба да се сослуша и вештакот кој го изготвил вештиот наод.
Сообраќајката се случи во јуни 2009 година, а судењето постојано се одложува. Адвокатот на Зекиров, Антонио Апостолски вели дека не е точно дека неговиот клиент не се појавувал на судењата. Отсуствувал само еднаш поради службени причини.
„Јас не гледам дека нешто посебно се одолговлекува овој предмет“ изјави Апостолски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

