Македонија
Нови 119 заболени и четворица починати од коронавирус
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 35, Куманово – 15, Штип – 17, Прилеп – 3, Тетово – 4, Струга – 3, Велес – 3, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 8, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Демир Хисар – 5, Берово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 8, Ресен – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 22, Куманово – 10, Штип – 12, Тетово – 26, Струга – 1, Велес – 1, Битола – 4, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Кратово – 1, Св. Николе – 2, Кичево – 3, Ресен – 4.
Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројката на оздравени пациенти е 6.020, на починати е 480, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. Од вчерашните 5 теста се конторлни и се евидентираат денес. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.779, активни 1.814
• Куманово 1.038, активни 296
• Дебар 193, активни 123
• Штип 809, активни 441
• Прилеп 330, активни 57
• Тетово 1.027, активни 228
• Струга 440, активни 190
• Велес 216, активни 18
• Битола 135, активни 70
• Охрид 272, активни 87
• Кавадарци 55, активни 38
• Гостивар 424, активни 258
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 98, активни 25
• Пробиштип 50, активни 26
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 221, активни 179
• Кичево 142, активни 94
• Ресен 145, активни 33
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.325 теста се преку: ИЈЗ – 333, ЦЈЗ Скопје – 23, „Авицена“ – 152, „Биотек – 218, МАНУ – 85, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 234, „Систина“ со PCR-метода – 163, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола – 75, Инфективната клиника – 15, ГАК – 19. Досега во земјата се направени вкупно 100.940 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 32, а во болницата во Штип – 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 118 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 256
• Аеродром – 191
• Бутел – 127
• Гази Баба – 177
• Центар – 152
• Карпош – 164
• Сарај – 103
• Кисела Вода – 175
• Ѓорче Петров – 122
• Студеничани – 82
• Шуто Оризари – 130
• Арачиново – 36
• Илинден – 26
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 24
• Зелениково – 7
• Странец – 7
• Нераспределен – 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

