Свет
Нови тајни документи откриваат дека и Бил Клинтон бил на островот на Епштајн
Објавени се судски документи, кои досега беа тајни, а во кои се поврзуваат милијардерот Џефри Епштајн и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Илјадници страници сведочења се објавени вчеравечер наспроти приговорите на Џислејн Максвел, неодамна обвинета за помагање на Епштајн, за време на целата операција на трговија со малолетнички.
Наводната жртва на Епштајн, Вирџинија Џуфри, во документите го опишува неговото вознемирување млади девојки, но и на неговата соработничка Џислејн Максвел.
Just watching blue check after blue check completely ignore the fact that a Jeffrey Epstein victim identified Bill Clinton as a resident of pedophile island.
How do you ignore what is objectively of the highest news value?
— Epstein Files Unsealed by Cernovich (@Cernovich) July 31, 2020
Џуфри претходно рече дека Максвел регрутирала тинејџерки и им наредувала да имаат сексуални односи со многу мажи, вклучително и со принцот Ендрју. Џуфри за време на изјавата навела дека со Епштајн се поврзани уште некои имиња на мажи со кои ја поврзала Максвел.
„Видете, ви кажав сè што моментно знам. Жал ми е. Ова ми е многу тешко и фрустрирачки. Не се сеќавам на сите луѓе. Ме испраќаа кај разни луѓе“, рекла Џуфри на адвокатот.
Во судските записи стои дека Максвел и нејзиниот адвокат ја прикажале Џуфри како несигурен сведок укажувајќи на грешките во некои датуми и бројки што ги навела. Принцот Ендрју и Ричардсон исто така ги негирале наведените обвиненија.
Six references to Bill Clinton in Virginia Roberts’ chat with her lawyers on April 7, 2011:
Asked about Epstein boasting “Bill Clinton owes me favors,” Giuffe said:
“Yes. I do. It was a laugh though. He would laugh it off… I didn’t know if he was serious. It was just a joke.” pic.twitter.com/InugMgHOz5
— Adam Klasfeld (@KlasfeldReports) July 31, 2020
За време на исказот во 2016 година, Џуфри рекла дека ѝ било платено за фотографија од неа и принцот Ендрју, која подоцна била објавена во многубројни медиуми. Исто така, рекла дека многупати летала со хеликоптер, со кој управувала Максвел, на приватниот остров на Епштајн на Карибите.
За време на исказот таа го коментирала и интервјуто што го дала во 2011 година и во кое навела дека Максвел тврдела дека на островот го возела и поранешниот претседател Бил Клинтон.
That’s it.
It’s over for Bill Clinton.
Eye witness has him on pedophile island. https://t.co/FGaNZglePm
— Epstein Files Unsealed by Cernovich (@Cernovich) July 31, 2020
„Џислејн ми кажа дека го донела и Бил Клинтон. А Џислејн сака да кажува за работи што звучат неверојатно. Вистина или не, тоа го кажав во интервјуто со Шерон Чрчер“, рекла Џуфри и додала дека забележала оти Чрчер погрешно ја сфатила нејзината приказна, но дека не се обидела да ја поправи.
Џуфри рекла дека тогаш го прашала Епштајн што бара Клинтон на островот.
„Се сеќавам дека го прашав Џефри што бара овде Бил Клинтон. Тој се насмевна и рече дека му должи услуга. Никогаш не кажа за каква услуга се работи. Не знаев ниту дали се шегува или е сериозен бидејќи често кажуваше дека сите му должат услуги“, рекла наводната жртва на Епштајн и додала дека во тоа време на островот биле Максвел и други девојки.
Клинтон го негира тоа тврдење на Џуфри дека тој бил на островот на Епштајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.
Свет
Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел
Советникот за одбрана на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи и поранешен секретар на Советот за национална безбедност на Иран, Али Шамкани, предупреди дека Техеран е подготвен за потенцијална војна и ќе го нападне Израел во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави.
„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, сигурно ќе го нападнеме Израел.
Непријателите се обидуваат да го проголтаат Иран, но тоа е невозможно, бидејќи тоа е залак што ќе им се заглави во грлото, бидејќи никогаш нема да успеат“, рече Шамкани во интервју за телевизискиот канал Ал Маџадин, поврзан со Хезболах.
Коментирајќи ја безбедносната ситуација, Шамкани рече дека Иран е подготвен за војна, но не бара конфликт, предупредувајќи дека секој напад врз Иран би довел до поширок регионален конфликт.
Тој додаде дека во случај на американски напад, одговорот би го вклучил и Израел, бидејќи, како што изјави, „овие две земји не можат да се гледаат одделно“.
Шамкани рече дека Иран нема да се откаже од својата поддршка за движењата на отпорот во регионот и дека верува оти притисокот врз Техеран е последица на неговата улога во тој контекст.
Тој нагласи дека преговорите со САД се можни само ако се напуштат заканите и притисоците и дека „проширувањето на преговорите на други прашања освен нуклеарната програма е надвор од прашање“.
Шамкани истакна дека не постои можност за префрлање на нуклеарните залихи на Иран во странство, наведувајќи дека „нема причина“ за тоа и дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво за мирно време.
Како што изјави, Техеран е подготвен да го намали нивото на збогатување на ураниум од 60 на 20 проценти ако другата страна покаже сериозност и понуди соодветни отстапки. Шамкани повтори дека Иран не се стреми да произведува нуклеарно оружје, повикувајќи се на религиозна забрана издадена од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Коментирајќи ги разговорите што се очекуваат во петок меѓу специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во Турција, Шамкани рече дека првично разговорите ќе бидат индиректни, но дека брзо би можеле да преминат во директни разговори доколку се создаде атмосфера на меѓусебно разбирање, објави Танјуг.

