Свет
Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот
Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата, вклучително и трговијата и градежништвото, во очајнички напор да го спречи ширењето на вирусот, кој се врати откако првично беше ставен под контрола.
Од среда навечер, повеќето продавници, некои производствени и административни услуги ќе се затворат во Мелбурн, како дел од шестнеделното затворање што се очекува да зафати 250.000 работни места.
Државата Викторија вчера воведе вонредна состојба поради скок во локалното пренесување на болести, па затоа беше воведен полициски час во Мелбурн, од 8 до 17 часот.
До неодамна, Австралија подобро се справи со вирусот од другите земји и има 18.361 заразен и 221 починат, но сега е изложена на ризик да ја изгуби контролата во државата Викторија, која досега воведе најстроги мерки на мобилност.
Соседните држави Нов Јужен Велс и Јужна Австралија воведоа и нови мерки на претпазливост.
„ Колку и да не болат нашите срца поради затворањето на работните места … треба да го сториме тоа за да престане ширењето на овој многу заразен вирус. Во спротивно, ограничувањата нема да траат шест недели, туку шест месеци“, предупреди премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.
Производството на месо ќе се намали за една третина и работниците ќе носат заштитна облека, а дел од градежните работи ќе бидат забранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

