Македонија
Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.
Починати се 3 лица, пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4915, активни 1363
• Куманово 1091, активни 269
• Дебар 206, активни 117
• Штип 872, активни 430
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 220
• Струга 457, активни 203
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 276, активни 87
• Кавадарци 73, активни 53
• Гостивар 487, активни 282
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 105, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 35, активни 30
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 22, активни 18
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 227, активни 151
• Кичево 175, активни 108
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 689 теста се преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 168
• Аеродром – 156
• Бутел – 86
• Гази Баба – 137
• Центар – 116
• Карпош – 118
• Сарај – 65
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 99
• Студеничани – 46
• Шуто Оризари – 115
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 6
• Нераспределен- 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило, соопшти МВР.
Во периодот од 01.10.2025-05.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 22 лица, од кои 18 за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 605 прекршоци за неправилно паркирање, 258 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 73 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 32 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и тројца пешаци и 26 возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 111 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 73 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 29 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 30 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
За еден месец 161 казна за непрописно затемнети стакла на возилата

Во периодот од 01 до 30 септември, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на државата за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Октомври 2025 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 06.10.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
– 07.10.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.