Свет
Индија не успева да ја заузда епидемијата
Во Индија се потврдени 52.050 случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а како резултат на таа инфекција починале уште 803 лица, соопшти Министерството за здравство.
Веќе шести ден во Индија се пријавени повеќе од 50.000 нови случаи на коронавирус, пренесува Си-ен-ен.
Во земјата се заразени најмалку 1.855.745 луѓе, а 38.938 смртни случаи се потврдени од почетокот на пандемијата.
Во моментот има 586.229 активни случаи на коронавирус, а Индија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

