Свет
Нова студија: луѓето може да им го пренесат коронавирусот на мачките и кучињата
Студија на италијански научници покажала дека луѓето може да им го пренесат коронавирусот на мачките и кучињата. Во студијата се испитани 540 кучиња и 277 мачки, кои живеат во домаќинства во северна Италија, особено во Ломбардија.
Научниците откриле антитела на коронавирус во 3,4 проценти од кучињата и 3,9 проценти од мачките, што укажува на тоа дека биле заразени со вирусот. Брисевите со активната вирусна инфекција биле негативни кај сите животни бидејќи временскиот период на неговото ширење завршил по две недели. Тестирањата се спроведени од март до мај оваа година.
Томас Метенлејтер, раководител на германскиот Државен институт за истражување на здравјето на животните, изјавил дека резултатите покажуваат дека е можен преносот меѓу луѓето и животните.
„Овие резултати го потврдуваат тоа што го знаевме од претходно“, рекол Метенлејтер предупредувајќи дека се работи за студија што сè уште не поминала рецензија.
Тој додал и дека поголем дел од студијата е без преседан бидејќи било тешко да се дојде до примероци. Појаснил дека повеќето тестирани животни доаѓаат од домаќинства зафатени со коронавирус, што значи дека заразата генерално се пренесува од луѓе на животни.
Сепак, мачките и кучињата не играат значајна улога во ширењето на вирусот и здравите луѓе не би требало да ги ограничуваат контактите со своите миленици, рекол германскиот научник.
Лицата, пак, заразени со Ковид-19 би требало да постапуваат спротивно, односно да се воздржат од контакти со милениците иако засега нема индиции по кои животните би можеле смртно да настрадаат од вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венс: Мировниот план мора да го зачува украинскиот суверенитет
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека мировниот план за Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет. Претседателот Доналд Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да одговори на неговиот најнов мировен предлог, кој предвидува значајни уступки од Киев, меѓу нив повлекување од делови на источна Украина.
Венс на „Икс“ порача дека секој план мора да го запре крвопролевањето и да биде прифатлив и за Украина и за Русија. Тој ги критикуваше противниците на предлогот, велејќи дека погрешно го толкуваат или ја игнорираат реалноста на теренот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина се соочува со „многу тежок избор: или да го загуби достоинството или да ризикува да го загуби клучниот партнер“, мислејќи на САД. Рускиот претседател Владимир Путин го прими планот позитивно, оценувајќи дека документот од 28 точки може да биде основа за мировно решение.
Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и лидерите на Франција, Италија и Обединетото Кралство, денес ќе одржат состанок на маргините на самитот Г20 во Јоханесбург за да го усогласат можниот одговор. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го најави состанокот на „Икс“.
Свет
Трамп: Украина треба да го прифати мировниот план за да заврши војната
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го коментираше мировниот договор со САД, за кој рече дека Украина треба да го прифати за да се стави крај на руската војна во земјата.
На прашањето дали разговарал со Володимир Зеленски за мировниот план од 28 точки за Украина, Трамп рече: „Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“
„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.
Кога еден новинар му спомна дека мировниот план наишол на критики, Трамп возврати прашувајќи: „Мислите дека [на Зеленски] не му се допаѓа?“
„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.
Тој, исто така, се потсети на своите претходни изјави. „Во еден момент, тие ќе мора да прифатат нешто. Се сеќавате во Овалната соба, не толку одамна, реков: „Немате карти“.
„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да постигне договор пред една или две години“, заклучи Трамп.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин

