Македонија
Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 35, Куманово – 12, Штип – 23, Прилеп – 1, Тетово – 5, Струга – 1, Битола – 7, Охрид – 6, Гостивар – 15, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Валандово – 1, Виница – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 103, Куманово – 13, Дебар – 1, Штип – 75, Тетово – 31, Битола – 2, Кавадарци – 2, Гостивар – 19, Кочани – 2, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 4, Ресен – 2.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (64, 22 и 83 години), пациент од Куманово (72), пациент од Струга (48) и пациент од Охрид (75). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.000, активни 1.231
• Куманово 1.114, активни 260
• Дебар 208, активни 117
• Штип 910, активни 381
• Прилеп 337, активни 47
• Тетово 1.071, активни 186
• Струга 470, активни 187
• Велес 227, активни 22
• Битола 153, активни 71
• Охрид 288, активни 80
• Кавадарци 83, активни 61
• Гостивар 513, активни 283
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 108, активни 20
• Пробиштип 58, активни 21
• Демир Хисар 36, активни 27
• Македонски Брод 42, активни 36
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активен 1
• Виница 26, активни 22
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 5
• Свети Николе 230, активни 130
• Кичево 179, активни 109
• Ресен 146, активни 19
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.543 теста се преку: ИЈЗ – 591, ЦЈЗ Скопје – 24, „Авицена“ – 166, „Биотек“ – 195, МАНУ – 133, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 202, „Систина“ со PCR-метода – 161, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 43, Инфективна клиника – 9, ГАК – 9. Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 30, а во болницата во Штип – 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 120 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 164
• Аеродром – 139
• Бутел – 80
• Гази Баба – 121
• Центар – 101
• Карпош – 110
• Сарај – 54
• Кисела Вода – 129
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 42
• Шуто Оризари – 100
• Арачиново – 21
• Илинден – 22
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 20
• Зелениково – 6
• Странец – 4
• Нераспределен – 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.
Македонија
Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат

Пожарот што зафати дел над селото Лојане, Општина Липково, во голем дел е локализиран и изгаснат. Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Со отворањето на патот за пристап, како што наведува, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на „Национални шуми“, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот.
– Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел-412 на МВР, две екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово со соодветни противпожарни возила, како и екипи на „Национални шуми“ – Подружница Куманово со специјализирани возила за шумски пожари. Активно учество зема и месното население, чија помош беше од големо значење. Како директор на Центарот за управување со кризи, лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност, нагласи Али.
ЦУК соопшти дека вечерва до 18:00 часот на територијата на цела држава има вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а 15 се изгаснати. Освен пожарот во селата Лојане и Табановце, активни пожари има и во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, каде се зафатени пасишта и мешана шума и во кумановското село Черкези.
Македонија
На Табановце се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.