Црна хроника
Пријава за српски државјанин кој без тест за Ковид-19 илегално влегол во земјава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) од Р Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Пријавениот, на 2.8.2020 на граничниот премин Блаце се обидел да влезе во Република Северна Македонија без притоа да поседува PCR-тест не постар од 72 часа, но бил вратен од страна на надлежните служби. Потоа, остварил илегален влез во земјава каде се задржал до 4.8.2020, кога на граничниот премин Табановце сакал да оствари излез и да се врати во Србија. При извршен преглед од страна на надлежните било констатирано дека лицето не е во евиденцијата за остварен влез во земјава.
Со ова пријавениот постапил спротивно на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид–19, донесена од Владата, со која не е дозволен влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без приложена медицинска потврда со негативен резултат за Ковид–19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.