Црна хроника
Еден од убиените можеби застрелан оти бил сведок на злосторството кај Смилковци

Борче Стефковски, на 45 годишна возраст, од скопското село Црешово е највозрасниот од петемина во четвртокот навечер убиени во атарот на селото Смилковци.
Како што јави Канал 5 телевизија, неговиот брат се сомнева дека тој бил убиен случајно, односно бидејќи бил сведок на убиството на четирите момчиња на возраст од 20 години.
Тој бил семеен човек и во четвртокот по 19 часот кога последен пат се слушнал со неговите блиски. се враќал од работа. Во својот автомобил, како што изјавија неговите блиски, секогаш ја носел опремата за ловење риба и најверојатно според нивните претпоставки застанал кај Железарското езеро да лови риба. По ова не го виделе.
Од институтот за судска медицина велат дека работат на обдукцијата на телата и од таму се чека да бидат соопштени причините за смртта.
На местото на злосторот екипи на крим техника сé уште вршат увид и собираат докази. Засега не е познат идентитет на останатите жртви. Неофицијално, четирите момчиња биле од општина Бутел.
Во четвртокот навечер околу 22.30 часот рибари ги пронајдоа мртвите тела на петемина скопјани со прострелни рани и чаури околу нив.
На местото на убиството имало две возила. Телата на четирите момчиња биле најдени на едно место, а петтата жртва на оддалеченост од околу сто метри.
Жителите на околните села најавуваат дека ќе ја блокираат обиколницата околу Скопје и ќе бараат што побрзо расветлување на петкратното убиство./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот