Свет
Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата
Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите.
Според законот, милијардерите ќе мора да ги предадат милијардите долари што ги заработиле за време на пандемијата на коронавирусот.
If we taxed 60% of the windfall gains 467 billionaires made from March 18th until August 3rd we could raise over $420 billion. That’s enough revenue to allow Medicare to pay all of the out-of-pocket health care expenses for everyone in America over the next 12 months.
— Bernie Sanders (@BernieSanders) August 5, 2020
Сандерс на „Твитер“ објави дека смета оти веќе не смее да се дозволи тројца најбогати луѓе во САД да имаат повеќе пари од најсиромашните 50 проценти луѓе во време кога над 30 милиони Американци губат работни места и кога 91 милион луѓе се или без здравствено осигурување или со минимално осигурување.
Предлог-законот наречен „да ги натераме милијардерите да платат“ би им наметнал еднократен данок од 60 отсто на заработката што ја оствариле од 18 март 2020 до 1 јануари 2021 година.
Со средствата би се покриле трошоците за сите Американци во период од една година. Со денешниот датум со тој данок би се собрале 731 милијарда долари за државата.
Ако помине законот, ќе им се даночи сè шпто стекнале и што ќе стекнат до крајот на годината.
Најмногу би биле погодени деловните гиганти, чие богатство значајно се зголеми за време на пандемијата, а Си-ен-би-си како пример ги наведува „Волмарт“ и „Амазон“, со оглед дека нивните акции значајно пораснале бидејќи Американците се потпирале на нивните услуги за време на пандемијата и останувањето дома.
Тоа сепак придонесе до натрупување милијарди долари за најголемите акции на овие компании, на Џеф Безос од „Амазон“ и на семејството Волтон на компанијата „Волмарт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

