Црна хроника
Упасени Белгијанци поради пушење „џоинт“ на Градиште

Охридската полиција поднесе кривична пријава против двајца државјани на Белгија, кај кои во текот на изминатиот викенд пронајде помало количество на марихуана.
Станува збор за 18, односно 19 годишни момчиња, кои во текот на изминатиот викенд престојувале на третата плажа во Градиште.Тие заедно со уште двајца Белгијанци и три лица од Скопје на импровизирана маса наизменично користеле еден џоинт.При преглед на ранец сопственост на еден од пријавените, полицијата пронашла и одзела 13 грама опојна дрога марихуана, а во ранецот, покрај најлонската кеса со марихуана, пронајдени се и грендер-метална машинка за дробење и три паковки ризла.Момчињата ја набавиле марихуаната на една од плажите во Градиште, и за тоа платиле 2.000 денари. Претходно, тие обезбедиле и друга, помала количина марихуана, која заедно со другари ја користеле на повеќе места во Охрид и Маврово, при што, правеле и фото и видео снимки. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.