Црна хроника
Прилепчанец дома криел над 20 илјади петарди

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишниот прилепчанец Д.Ј., откако при претрес на неговиот дом се пронајдени 24.796 парчиња разни видови петарди.
Пиротехничките средства се откриени во понеделникот, при претрес во домот на прилепчанецот, лоциран на улица „Оцка Михајлоски“.
Пријавениот пиротехниката ја набавил од скопски Бит Пазар и ја продавал на лица од Прилеп.
За недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи ќе одговара и 23 годишниот битолчанец С.А., откако на 8-ми декември кај него се пронајдени 1.400 петарди, а дополнително во неговиот дом уште 2.396 петарди, што ги набавил во Скопје и недозволено ги продавал во Битола. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.