Регион
Вучиќ: Србија на провокациите на Рама реагираше одмерено, но гордо

Српскиот премиер Александар Вучиќ во вторникот изјави дека Србија во разговорите со албанскиот премиер Еди Рама покажала вистинско гостопримство и дека на однапред подготвеното сценарио од албанска страна, изреагирала воздржано, гордо и примерно.
Вучиќ истакна дека политиката на српската влада е да разговара и да решава проблеми, а ова претставува и политика на иднината, пренесува Танјуг. Вучиќ ги отфрлил критиките дела требало поинаку да реагира на провокациите на Рама.
„Доколку некој мисли дека сериозна политика би била да го удрам Рама, сметам дека тоа не е сериозна политика, а тие кои ми држат такви предавања дека требало да направам нешто такво и кои велат дека би го направиле тоа, се помали од зрно афион“, рекол Вучиќ.
Вучиќ потсетил дека Рама ќе го посети Белград и во декември на кинеско-регионалниот самит и дека и тогаш некој треба да му каже „добар ден“ и да го пречека, нагласувајќи дека политиката на српската влада е одговорна, сериозна и политика на разговор.
Говорејќи за посетата на Рама на Прешево, Вучиќ рекол дека сето она што се случило во понеделникот и што евентуално ќе се случи во вторник, најмалку говори за Србија.
„Тоа ќе говори многу за нив, можеби и за некој друг, но за нас никој не може да изговори лош, тежок или непријатен збор“, смета српскиот премиер.
Тој истакнал дека му е познат ставот на Рама дека Косово е независно, но дека тоа не било тема на разговорите меѓу двете страни, и дека доколку некој треба да ја започне таа тема, тогаш тоа требало да го направат домаќините.
„Албанија нема никаква врска со Косово или, пак, уште еднаш сакаа да ни покажат дека приказните за Голема Албанија не се само наш комшмар, туку и нечии сништа, а сигурен сум дека тоа е само пуст сон“, изјавил Вучиќ, додавајќи дека Рама ниту во понеделникот немал одговор за тоа каква врска има Албанија со Косово./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.
Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.
По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.
Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.
Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.
Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.
Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.
Регион
Додик: Кога историјата се препишува, жртвите стануваат џелати, а ослободителите криминалци

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека се гордее на фактот што Српска денес стои рамо до рамо со Русија во борбата против заборавот посочувајќи дека ревизионизмот не е само опасност за историјата туку и опасност за сегашноста и иднината бидејќи ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви.
Додик го изјави ова во колумна за бањалучкиот „Глас Српска“ по враќањето од Москва, каде што присуствуваше на парадата по повод Денот на победата над фашизмот, каде што, како што истакнува, Република Српска е препознаена како горд, достоинствен, цврст и искрен меѓународен актер.
„И таму, на Црвениот плоштад, стоев рамо до рамо со оние што знаат што значи да се бориш и да умреш за слобода“, изјави Додик истакнувајќи дека Република Српска е пречекана во Москва како пријател и дека се гордее што е под нејзиното име и што Република Српска има свое место меѓу оние што се бореле против фашизмот и кои денес стојат зад вистината.
„Советскиот Сојуз направи незамисливи жртви. Повеќе од 27 милиони луѓе загинаа за време на Втората светска војна. Да, 27 милиони. Тоа се повеќе жртви отколку Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција заедно. Тоа е бројка што сведочи за тоа колку Русите ја платија цената за слободата на светот. Гледајќи ја парадата, се сетив на тие жртви. Се сетив дека без нив можеби немаше ни да постои денешна Европа, можеби немаше ни да постои слободата што ја земаме здраво за готово денес“, рече Додик.
„Двајца од тројцата најголеми светски лидери – Владимир Путин и кинескиот претседател – покажаа дека се искрени пријатели на Република Српска. И во време кога светот минува низ големи промени, кои може да се споредат само со оние по победата над нацизмот, Република Српска има пријатели на силни места. Пријатели што знаат што значи да се бориш против хегемонијата, против препишувањето на историјата и вистината“, рече претседателот на Република Српска.
Ревизионизмот, истакнува тој, не е само опасност за историјата – тој е опасност за сегашноста и иднината.
„Затоа што ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви? Ако историјата се препишува, тогаш жртвите стануваат џелати, а ослободителите криминалци. Затоа денес, со ова искуство од Москва, велам: Нема да заборавиме. Нема да дозволиме да ни ја одземат вистината за нашата борба против фашизмот. Нема да заборавиме 27 милиони Руси и стотици илјади Срби, кои ги дадоа своите животи за слобода“, изјави Додик.
Регион
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ.
Според објавените информации, земјотресот бил на длабочина од 71 километар.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Турција.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.