Црна хроника
Откриен уште еден арамија од „Македонски пошти“: Поштар од Делчево крадел пензии
Поштар од Делчево присвоил пензии на 11 пензионери, а парите си ги земал фалсификувајќи ги потписите, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во последните неколку недели ова е трет откриен случај на вработен во „Македонски пошти“ кој крадел пари.
Ѓ.М. (47) од Кочани инаку вработен во „Македонски пошти“ РЕ Делчево, во декември, минатата година парите за исплата на 11 пензии во износ од 113.328 денари ги присвоил фалсификувајќи ги потписите од 11 пензионери од Делчево.
Полицијата поднесе кривична пријава против поштарот за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пред два дена беше откриен случај на кражба од страна на вработен во подружница на „Македонски пошти“ во Кочани. МВР информираше дека В.Ј. (45) крадела од трансакциски сметки и присвојувала пари со кои граѓаните плаќале сметки за струја и вода. На овој начин, В.Ј. неовластено се послужила со 1,8 милион денари, а противправно за себе присвоила 39.304 денари.
Пред десетина дена, пак, полицијата поднесе кривична пријава против службеничка вработена во експозитура на „Македонски пошти“ во Катланово која два пати лажно пријави грабеж во поштата. Минатата година ја „олесни“ касата за 331.000 денари, а во лажната пријава овој месец службеничката украде 400 000 денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

