Регион
БиХ: Уапсен радикален исламист кој беше во бегство по вооружен напад
Радикалниот исламист идентификуван како Адем Карамуја, осомничен дека се борел во џихадистичката групација Исламска држава, уапсен е во неделата по тринаесет дена во бегство, бидејќи претходно е осомничен за вмешаност во пукање и загадување на водата во селото Ошве крај Маглај, познато како седиште на радикалните исламисти во Босна и Херцеговина, пренесуваат сараевските медиуми.
Според министерството за внатрешни работи на Зеничо-добојската жупанија, Адем Карамуја бил уапсен во неделата по 13 часот, во просториите на полицијата. По овој радикален исламист се трага од 8-ми август, поради сомневање дека истрелал два куршума од пушка и ја загадил водат во локалниот водовод.
Според локалните медиуми, тој се криел во шумата во близина на селото Ошве, а на полицијата самиот ѝ се предал. По спроведувањето на криминалистичката обработка, тој ќе биде предаден на Државното обвинителство кое ќе одлучува за одредување на притворот.
Адам Карамуја властите на Босна и Херцеговина го сомничат дека се борел во редовите на Исламската држава во Сирија, по што се вратил во татковината.
Селото Ошве е една од најпознатите затворени селефиски заедници во Босна, кои не ги прифаќаат државните закони и надлежноста на Исламската заедница во Босна и Херцеговина./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.
Регион
Пеколна ноќ на Санторини: земјата не престана да се тресе, силни потреси следуваа еден по друг
На грчкиот остров Санторини синоќа беше најтешката ноќ во последните денови бидејќи 20-ина земјотреси со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала ја тресеа областа од еден часот по полноќ.
Голем земјотрес е регистриран во 7.51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,6 степени. Половина час подоцна следуваше уште еден со јачина од 4,3 степени, а со интензитет од 4,5 е забележан нешто пред 10 часот.
Земјотресите над 4 степени според Рихтеровата скала принудија голем број жители на островот да скокнат од креветот во страв, објави „Прототема“. Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи синоќа.
Сеизмичката активност продолжи синоќа во морската област меѓу Аморгос и Санторини.
Областа беше погодена од повеќе од 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, што предизвика загриженост кај научниците и жителите, од кои многумина го напуштија островот.
Во вторникот беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓа на 22 километра југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос.
Според податоците на Националниот универзитет во Атина (НКУА), сеизмичката активност ги покажува карактеристиките на т.н. рој на земјотреси, име што се користи за опишување серија земјотреси, од кои ниеден не бил значително посилен од другите и не може да се карактеризира како голем сеизмички настан.
НКУА наведува дека се можни две сценарија: бројот на сеизмички активности би можел постепено да се намалува со помали потреси во текот на следните неколку месеци или ројот земјотреси може да предизвика поголем, главен земјотрес, проследен со типична секвенција од последователни потреси.
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии за секој што сака да ги напушти.
Од безбедносни причини училиштата на Санторини, Анафи, Иос и на Аморгос ќе бидат затворени до петок.