Црна хроника
Уапсен крадецот од обложувалницата `Бет поинт`
Полицијата го пронајде и уапси крадецот, кој во средата под закана со пиштол ја ограби спортската обложувалница “Бет Поинт“ и успеа да одземе околу 1.000 евра.
Тој, со закана и употреба на пиштол над вработените Х.А. (27), Н.М. (20) и Д.Љ. (23) им одзел 67.010. денари со што сторил кривично дело – “разбојништво“.
Претходно, пријавениот, пред да го стори разбојништвото на 4-ти овој месец од лицето Д.Б. (29) од Гостивар набавил пиштол марка “Retay CS9“ кој го поседувал без одобрение од надлежен орган.
Откако го зел пиштолот неколку дена подоцно односно на 7.11. со автобус од Гостивар се упатил во Скопје и по пристигнувањето се упатил во населбата Шуто Оризари каде во 21.30 часот отишол зад обложувалницата, се прекачил и ја прескокнал ѕидната дворна ограда, дошол на балконот од задната страна и држејќи го во рака пиштолот преку незаклучената помошна врата влегол во работниот простор, заканувајќи им се на вработените да му ги дадат парите.
Потоа ја отворил фиоката од работниот пулт и од истата одзел 67.010 денари. по што побегнал.
По извршеното разбојништво С.Ј. изнајмил такси возило и се упатил кон Гостивар каде што живеел заедно со неговата невенчана сопруга С.Р. како потстанар.
Веднаш по пристигнувањето пред зградата во контејнер за ѓубре ја фрлил облеката со која што го извршил разбојништвото.
Следниот ден С.Ј. дел од украдените пари во менувачница во Гостивар ги заменил за 600 евра го платил заостанатиот долг за кирија за станот во кој живеел, а потоа отишол кај лицето Д.Б. и на истиот му го вратил претходно земениот пиштол.
На 8.11. со судска наредба издаден е видео запис од одговорното лице во обложувалницата „’Бет Поинт“. Од страна на Единицата за увид на место на настан и вештачење при СВР Скопје извршен е увид на лице место, а во просториите на ПС ОН Чаир обавен е разговор со оштетените.
Истражен судија на основен суд Гостивар издаде наредба за вршење на претрес во домот и другите помошни простории. на ул. Мара Угриноска сопственост на лицето М.Д. од Гостивар каде што како потстанар престојувал С.Ј.м а во ПС Гостивар обавен е разговор со пријавениот кој во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.
Со потврда од С.Ј. одземени се 810 евра во разни апоени од по 10, 50 и 100 евра, како и 6.300 денари.
Инаку пријавениот во крим-евиденциите минува за сторени повеќе кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

