Спорт
Фудбал за „мерак“ – гигантите Барселона и Баерн вечерва по место во полуфинале
Единствените два клуба кои во својата историја имаат освоено титула од Лигата на шампионатите, а се преостанати во ждрепката оваа сезона се Баерн Минхен и Барселона и вечерва се среќаваат во супер-пресметка на „Естадио да Луж“ во Лисабон во најинтересното четврт-финале во европската елита.
Барселона имаа одличен старт во ЛШ оваа сезона, освојувајќи ја групата со Борусија Дортмунд и Интер без загубен натпревар, но перформансите на тимот паднаа по отпуштањето на Ернесто Валверде во јануари, а новиот тренер Кике Сетиен успеа да ја загуби титулата од Ла лига по рестартот иако имаа предност од два поени пред Реал Мадрид.
Уште позагрижувачки за тренерот на Барселона, првата ѕвезда Лионел Меси неколку пати отворено го критикуваше Сетиен и стратегијата на клубот, посочувајќи дека така не може да се стигне до толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите. Сепак, токму Меси беше клучниот човек при победата над Наполи, и со 31 гол и 26 асистенции оваа година иако има 33 години повторно ќе биде човекот од кого се очекува (пре)многу. Пораз од Баерн сигурно ќе предизвика уште еден несакан потрес во Каталонија и речиси сигурно ќе значи крај за Сетиен.

Баерн Минхен исто така го сменија тренерот оваа сезона, откако Нико Ковач беше заменет од неговиот поранешен помошник Ханси Флик, кој иако немаше искуство со водење на големи тимови, успеа да ги врати Баварците во трката за титулата и на крајот да се стигне до германската двојна титула.
Под Флик, Баерн Минхен победи во 29 од 32 меча за да има најдобар просек по поени по натпревар (2.76) во историјата на клубот.
Прва ѕвезда, несомнено е полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој на 31 година ја игра својата најдобра сезона. Тој постигна 13 голови во само седум меча, за да стигне до само четири гола од рекордот на Кристијано Роналдо во 2013/14. Со три гола и четири асистенции против Челси, Полјакот е неверојатна опасност за противничките голмани.
Обложувалниците го сметаат Баерн за огромен фаворит во пресметката, а победникот од нивниот дуел сигурно ќе биде фаворит за европската титула. Барса и Баерн се сретнаа во четврт-финалињата во 2008/09 и полуфиналињата во 2012/13 и 2014/15, а победникот во сите случаи подоцна го крена трофејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

