Спорт
Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре!
Талентираниот канадски бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, проговори за својот омилен фудбалер Лионел Меси кого го гледал додека растел и како вечерва ќе мора да го чува Аргентинецот во четврт-финалето на ЛШ.
19-годишниот Дејвис, кој имаше фантастична сезона и 40 настапи за Баерн, во кои оваа сезона ниту еден противнички фудбалер не успеа да го издрибла, во интервју за УЕФА зборуваше за своето детство во кое прв идол му беше токму Меси.
„Одев на фудбалска академија, така што секоја среда или четврток, околу 12 часот по канадско време, гледавме мечеви од Лигата на шампионите. Сите сонувавме да играме во Лигата на шампионите, а сега ќе играм против мојот омилен фудбалер на планетата, Лионел Меси. Искрено, немам зборови да го опишам чувството. Се слушнав со мајка ми вчера и татко ми се уфрли со зборовите: ’Ќе играш против Меси, гледам?’ И потоа почна да се смее на телефон бидејќи знае колку го сакав“, вели Дејвис.
Притисокот на тинејџерот е зголемен кога генералниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, кусо изјави дека Дејвис ќе се погрижи за Меси, но како вистински професионалец тој вели дека е подготвен.
„Ќе ја играм мојата игра, нема да сменам ништо и се надевам дека ќе го дадам максимумот. Сите знаеме дека е голем фудбалер и тоа нема да го одземеме од него. Возбуден сум што ќе играм и подготвен сум“, вели Дејвис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скандал во Рим, Ѓоковиќ удрен во главата со шише за вода
Новак Ѓоковиќ доби шише во глава, кое беше фрлено од трибините додека даваше автограми.
Инцидентот се случи по победата на Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Рим, над Французинот Корентин Муте 6:3, 6:1.
Додека најдобриот во светот давал автограми од трибините излетало шише со вода кое завршило во неговата глава.
Ѓоковиќ од болка паднал на земја, додека луѓето од организацијата притрчале да му помогнат. Новак останал долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и прилично тешко, а ударот бил многу болен. Според некои новинари од местото на настанот, Ѓоковиќ има расекотина на главата.
Како што пишува „Спортмесиасет“, српскиот ас веднаш бил пренесен во болница на преглед, имал благи вртоглавици, но генерално се чувствува добро. Се шпекулира и дека се работи за случајност, а шишето испаднало од ранецот на гледач од трибините и завршило со главата на Новак.
Ова го потврди и организаторот кој соопшти дека инцидентот се случил кога едно дете се наведнало преку оградата за да му даде на Ѓоковиќ тетратка на потпис, а од ранецот на детето испаднало алуминиумско шише со вода и завршило во главата на Ѓоковиќ.
This is shocking.
Novak Djokovic was hit on the head with a water bottle thrown from the stands while he was signing autographs.
Disgusting.pic.twitter.com/Pwt2sjBisl
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 10, 2024
Спорт
(Видео) Новак Ѓоковиќ заврши на клиника, удрен e со шише во глава
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, кој по голема борба го совлада Французинот Корентин Муте со 2:0 (6:3, 6:1), а по мечот се случи сериозен инцидент кога тој беше удрен во глава, најверојатно со шише.
View this post on Instagram
Српскиот тенисер веднаш се струполи на подот, а присутните велат дека има траги од крв.
Someone threw a water bottle at Novak Djokovic’s head when he was signing autographs.
He ends up on the floor.
Absolutely disgusting behavior from whoever did this.
The world is becoming a very sad place.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 10, 2024
Имено, Новак е познат како некој кој има трпение за сите фанови. Така беше и овој пат во Рим. Новак без разлика на трудот што го имаше за време на натпреварот, се посвети на навивачите фотографирајќи и давајќи автограми. но, на излегување од теренот, некој фрлил шише и го удрил Новак во главата. Српскиот тенисер легнал на подот и веднаш се фатил за глава. Според присутните, Новак има расекотина, а забележливи се и траги од крв.
Како што јавија италијанските новинари, тој веднаш отишол во амбуланта и се пожалил на мачнина.
Спорт
(Видео) Мбапе објави дека заминува од ПСЖ
Една голема епизода во кариерата на Килијан Мбапе заврши. Францускиот фудбалер вечерва и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен.
Но, вториот дел од енигмата сепак останува, бидејќи Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Иако, цел свет тоа одамна го насетува.
Епизодата на Килијан во Париз не заврши славно. Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона остана недостижен за брзиот напаѓач, иако „светците“ важеа за големи фаворити во полуфиналето против Борусија Дортмунд.
Сите други домашни трофеи одамна престанаа да ја задоволуваат гладта и на Ембапе и на навивачите на францускиот клуб.
И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.
Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сен Жермен.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.
Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Нашредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024