Црна хроника
Обвинителството ги даде завршните зборови во случајот ’Шпион’

Јавната обвинителка Лиле Стефанова во петок во Кривичниот суд во Скопје ги даде завршните зборови во судскиот процес за случајот „Шпион“ во кој 19 лица се осомничени за шпионажа, оддавање на државни тајни на странски разузнавачки служби, злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба.
Таа побара сите сомничени да бидат прогласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и дека постојат материјални докази од кои јасно се гледа дека на едната страна се ообвинетите, а на другата страна се странските служби на кои биле испраќани информациите.
Завршните зборови ги започна со тоа дека првоосомничениот и организатор на групата, Марјан Ефремов, инаку поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање, со цел да се стекне со имотно правна корист создал план за дејствување на криминалната група. Останатите осомничени за потребите на странски разузнавачки служби прибирале тајни податоци и докази што му ги предавале на Ефремов кој преку специјални сателитски системи и техники како и лично ги доставувал до лица кои работеле за овие разузнавачки служби.
Според зборовите на Стефанова, Ефремов ја организирал групата во 2009 година откако претходната година против него била поведена дисциплинска постапка со што го загубил работното место во службата за разузнавање. Со цел да ги продолжи врските со странските служби и стекнување на финансиски средства, тој решил да ја организира групата.
Обвинителката во завршните зборови се осврна на сите осомничени, меѓу кои е и поранешниот контраразузнавач Александар Динески во чиј компјутер бил пронајдена електронска порака испратена до новинарот Зоран Божиновски, кој е исто така осомничен, во која Диневски јасно кажува дека заедно со поранешниот полициски генерал Горан Стојков и Ефремов се договориле за создавање паралелна разузнавачка служба. Исто така, бил пронајден и word документ, кој бил испратен до лице означено со шифра, а во кој тој објаснува дека за потребите на странските разузнавачки служби ја шпионирале Македонија.
Обвинителството го повлече обвинението за поранешниот директор на Управата за спречување перење пари Ване Цветанов за шпионажа, но тој сé уште се товари за кривичните дела злосторничко здружување и одавање на државна и воена тајна.
Првоосомичениот Ефремов се бранеше со молчење, а обвинителката цени дека каква и да е одбраната што ќе ја даде во завршните зборови ќе биде спротивна на сите докази.
Судскиот процес за првата афера за шпионажа во Македонија започна на 27-ми јануари. Осомничените беа уапсени во септември, минатата 2013 година./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.