Спорт
Шпанскиот печат едногласен: Барса доживеа историско понижување

По вчерашната зачудувачка 8:2 победа на Баерн Минхен над Барселона, шпанскиот печат, нормално, беше брутален кон каталонскиот клуб, опишувајќи го резултатот како срамота и историско понижување на славниот клуб, но и на шпанскиот фудбал, кој по 12 години нема полуфиналист во Лигата на шампионите.
Сега, се очекува отказ за тренерот Кике Сетиен, но и многу потреси во каталонскиот тим со низа заминувања од клубот. И вообичаено наклонетите кон Барса, „Спорт“ и „Мундо депортиво“ немаа милост.
„Срамота“, стои на насловната на мадридска „Марка“, додека на „Ел Мундо“ го има Жерард Пике и насловот „Крај на еден срамен циклус“. „Спорт“ и „АС“ пак се решаваат за идентичен наслов: „Историско понижување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Како правилно се изговараат презимињата на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра.
Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери.
Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои самите играчи ги изговараат своите имиња за пошироката јавност да знае како да ги изговара.
Еден од клубовите што одлучи да го направи тој потег е Манчестер јунајтед. Интересно е да се слушне како се изговараат поединечните имиња и презимиња на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Така во краткото видео, може да се слушне дека презимето на новото засилување од Брентфорд не се изговара „Ембумо“, туку „Мбумо“.
Во приложеното видео, можете да слушнете и дека Матијс де Лихт се изговара „Матхајс де Лихт“.
Спорт
Ветеранот Матиќ го засили Сасуоло

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сасуоло.
Според добро информираниот инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, српскиот играч за врска потпишал едногодишен договор со Сасуоло, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.
Матиќ има 37 години, а во текот на кариерата играл за Колубара, Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, Манчестер Јунајтед, Рома, Рен и Олимпик Лион.
Неодамна, спогодбено се раздели со Олимпик Лион и како слободен играч се пресели во Сасуоло.
Спорт
Мексиканката Оваље најскапа фудбалерка во историјата

Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал.
Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува „Би-би-си“. Оваље потпиша двегодишен договор со Орландо Прајд.
Мексиканката има 25 години, го носеше дресот на Тигрес осум сезони и освои пет титули во мексиканскиот шампионат.
Таа е позната и по прекарот „Ла Мага“ (Магионичарка).
Игра како лево крило и го напушта Монтереј како најдобар стрелец на Тигрес со 136 гола и 103 асистенции во 294 натпревари.
Оваљњ има одиграно 64 натпревари за мексиканската репрезентација на кои постигнала 22 гола.
Фото/ Принтскрин