Македонија
(Видео) Арсовски: Омилената агенција за обезбедување на власта добива државни и општински тендери со вртоглави суми
Омилената агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец покрај од универзалниот снабдувач со електрична енергија добива тендери со вртоглави суми и од други државни институции и општини каде што СДСМ и Заеви се на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Струмичките пипци стигаат и до СОЗР, со која на 03.10.2018 година склучиле договор за обезбедување од 3 милиони евра. Кој е втор поединечен најголем договор на оваа агенција после договорите со универзалниот снабдувач. И дали и СОЗР плаќа повеќе од вообичаено, исто како и универзалниот снабдувач кој од годинава плаќа двојно повеќе за обезбедување од лани, и доколку да, дали разликата во профитот завршува кај Заеви?
На ден 01.08.2019 година агенцијата за обезбедување од Струмица склучила договор за обезбедување со град Скопје во висина од над 200 илјади евра.
Дали и општините Аеродром и Ѓорче Петров оделе по принципот да се избере омилената агенција за обезбедување на Заеви? Истите склучиле договори во вкупна вредност од 300 илјади евра. Истите општини се јавуваат како корисници на услугите на оваа агенција и во 2018 година, кога искеширале над 250 илјади евра.
Трката за профит очигледно ги натерала функционерите од СДСМ и Заеви да одат и со абнормални решенија, помалку чудни, па така СЦ Борис Трајковски, кој патем има сопствена чуварска служба склучила договор за обезбедување на 10.07.2018 година во висина од 10 илјади евра. Неверојатно е зошто склучиле договор кога имаат сопствена чуварска служба.
Голема сума на пари односно скоро 50 илјади евра плаќа и Агенцијата за Катастар и недвижности, кои договорот со оваа агенција го склучуваат на 12.12.2019 година.
Како токму агенцијата за обезбедување од Струмица, покрај стотина други агенции низ државата се разработува кога станува збор за државни тендери и станува еден од најголемите добитници на државни тендери од областа за обезбедувањето и тоа за само две години свртува над 21 милион евра, пари за коишто директно има сомнеж дека влијаеле за доделување директно семејството Заеви и СДСМ.
Дали покачената цена на струјата треба да биде дополнително зголемување на сумата која врвот на власта ќе ја има за делење на пари преку тендери од државата и универзалниот снабдувач?
Ова се одговорите кои треба да ги дадат Заеви, СДСМ и агенцијата за обезбедување, и ова се одговорите кои што ги интересираат граѓаните. Впрочем додека ги чекаме одговорите, ги повикуваме институциите да отпочнат со работа и да не спијат повеќе, да ги расчистат сите сомнежи околу оваа агенција за обезбедување“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

