Свет
Ким Џонг-ун нареди конфискација на кучињата миленици во главниот град на Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди да бидат конфискувани кучињата миленици во главниот град на земјата велејќи дека тие претставуваат западна „декаденција“, но нивните сопственици стравуваат дека милениците се всушност упатени кон нечија трпеза, пренесува „Њујорк пост“.
Ким ја издаде директивата во јули да се соберат милениците, тврдејќи дека тие се дел од „расипаниот“ тренд на буржуаската идеологија, изјавил извор за англиското издание на јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
„Обичните луѓе одгледуваат свињи и добиток на нивните тремови, но високите службеници и богатите чуваат кучиња миленици, што предизвикаа незадоволство меѓу пониските класи. Властите идентификуваа домаќинства со кучиња миленици и ги принудуваат да се откажат од ив или принудно да им ги конфискуваати да ги успијат“, рече изворот.
Но, додека угнетувачкиот режим вели дека овој потег е за уништување на капиталистичката екстраваганција во Пјонгјанг, сопствениците на кучиња стравуваат дека со оглед на недостигот на храна во Северна Кореја – и традицијата за јадење месо од кучиња – директивата е наменета само за да ги нахрани масите.
„Сопствениците на кучиња го колнат Ким Јонг-ун зад грб, но рацете им се врзани“, вели изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

