Европа
Дете и жена меѓу жртвите на налудничав напаѓач во австриски Грац

Напаѓачот, 26-годишне на Австриец со босанскохерцеговски корени, кој во саботата попладнето со возило се залетал во група пешаци во југоисточниот австриски град Грац, убил најмалку три луѓе а десетици се повредени.
Седумгодишно момченце и жена, како и уше едно лице загинале која напаѓачот со теренско возило се залетал во масата пешаци на Херенграсе во центарот на Грац. Според очевидци, порталот Kleine Zeitung пишува дека напаѓачот кој во меѓувреме е фатен но не е соопштен неговиот идентитет, прво со возилото со брзина од околу 100 км на час, се залетал во една велосипедистка и во жена на мотоцикл, а потоа излегол од џипот и со нож ги напаѓал минувачите.
Според првичните информации има околу 50 повредени, од коишто десет се во критична состојба.
На местото на нападот биле упатени четири хеликоптери и 60 возила на итна медицинска помош. Во центарот на Грац е блокира сообраќајот и има многу полицајци, јавуваат медиумите.
Полицијата официјално ги нема потврдено жртвите, но некои медиуми објавија дека се загинати две лица. На местото за нападот за кој не се јасни засега мотивите, се одржувал настан пред трката во Формила 1 шампионатот, кој викендов треба да се вози во блискиот Шилберг.
Извршителот, страдал од психоза поради семејни проблеми, и не е поврзан со ниедно екстремистичко движење, изјави шефот на службата за безбедност во покраината, Јозеф Кламингер. Началникот на локалната полиција Курт Кеметер, пак, потврди дека станува збор за 26-годишен австриски државјанин со босанско потекло. Тој ѝ се предал на полицијата без спротиставување, пренесува австрискиот јавен сервис ORF.
„Неговото дејствие е извршено во состојба на психоза, произлезено од семејна ситуација. Не постои поврзаност со фанатизам, (инцидентот) нема терористичка заднина“, рекол Кеметер додавајќи дека виновникот за несреќата „се избезумил на улицата“ и оти распитот во полицијата уште трае./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.