Црна хроника
Момче рането во центарот на Струга

Момче е рането во петок попладне во Струга, во оружен инцидент што се случил во центарот на градот.
Повреденото момче, по укажаната помош во Струга, е испратено во Клиничкиот центар во Скопје, јавува Охридњуз.
Полицијата работи на расветлување на инцидентот. Засега нема повеќе детали за причините и мотивите кои довеле до немилиот настан. /крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Србија, изгубил контрола и паднал на автопатот Скопје-Велес

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, 43-годишниот М.М. од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
„Aуди“ излетало надвор од патот Куманово-Свети Николе, три лица со тешки повреди пренесени на Клиника

Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.